Ние ја насочуваме дистрибуцијата на вишок храна во добротворни организации и за хуманитарни цели. Користете ја нашата платформа за прераспределба на храна за да донирате или пристапите до вишок храна, за да ја поддржите вашата локална заедница, за да придонесете во намалување на отпадот од храна и да помогнете во заштита на животната средина.
Отпадот од храна се јавува низ целиот систем на храна, почнувајќи од фармата, бербата, преработката, транспортот, до големопродажбата, малопродажбата и потрошувачите. Зголеменото внимание на медиумите во последните години, за еколошките и економските трошоци, гладот и зачувувањето на ресурсите поврзани со отпадот од храна ја зголемиja јавната свест за загубата на храна. Оваa состојба ги забрза јавните и приватните напори за подобро искористување на достапните резерви на безбедна и хранлива храна што инаку би завршиле како отпад.
Спречувањето да се фрла храна е општествено важно кога зачуваната храна се пренасочува кон оние кои имаат потреба од храна.
Прераспределбата на вишокот храна има големо економско влијание бидејќи значително ги намалува трошоците за фрлање на храна и ја зголемува ефикасноста.
Намалувањето на отпадот од храна е еколошки важно бидејќи храната останува надвор од депониите и ги ублажува емисиите на гасови.
Со FoodSHare оневозможуваме вишок храна со добар квалитет да заврши во отпад. Ако откриете дека имате вишок храна што сè уште може да се конзумира, размислете да ја прераспределите на луѓето на кои им е потребна помош. Ако вашата организација работи со маргинални групи кои немаат сигурен пристап до храна, тогаш пријавете се за собирање на храна.
Ние работиме со компании во рамки на синџирот на снабдување - од земјоделци до супермаркети, големи брендови до мали независни производители.
Ако сте добротворна организација или социјална група што поддржува луѓе кои имаат потреба од помош, пријавете се на нашата платформа за пристап до вишок храна со добар квалитет, достапна во ваша близина - бесплатно.
Сакате да помогнете во собирање на вишок храна за добри причини? Доколку можете да соберете и доставувате храна или да ја проширите информацијата, контактирајте не!
Потребни сте и на вашата заедница! Заинтересирани сте? Вклучете се! Платформата FoodSHare е иницијатива во рамките на проектот Плутос и ќе биде активна во две балкански земји, Србија и Северна Македонија.
Што можам да споделам на FoodSHare? Може да ја споделите целата лесно расиплива храна / замрзната храна (вклучувајќи млечни производи, рибa и месо, свеж сок) што е пред истекување на рокот на употреба, сè додека е погодна за конзумирање; целата храна што не се расипува ако е во рамките на рокот на употреба.